Лимон за убавина

од Vladimir Zorba
361 прегледи

Во деновите во кои температурата главно покажува степени во горниот дел, нема ништо поосвежувачко од еден свеж и ладен цеден лимон.2421a7e17e909376d06906460481501b

Лимоните имаат својство за секунда да донесат пријатно чувство за студ низ целото тело и да нѐ наполнат со висока доза витамини.

Она што е интересно за жолтиот цитрус е дека тој е многу корисен и за нашата убавина. Домашните рецепти изобилуваат со киселата состојка и ветуваат извонредни резултати дури и по првиот обид.

Ви претставуваме неколку проблеми со убавината, кои можат да бидат решени моментално со неколку лимони од фрижидерот.

Еве кои се тие.

1. Црни точки
Ако имате многу црни точки, кои не може да се извадат со помош на козметички производи, лимоновиот сок е вашиот нов, ефикасен пријател. Користете памук натопен со неколку капки од цитруси и внимателно нанесете врз проблематичните зони од лицето. Повторувајте ја постапката секој ден и ќе се радувате на брзи и долготрајни резултати.

2. Несовршености и сувост
Наместо да се користи стандардниот крем за лице, насочете се кон кујната и направете си паста од мед и сок од лимон. Ставете ја добиената смеса на лицето, рацете и нозете. Ако пастата е премногу густа, додадете неколку капки вода.

3. Темни дамки
На секој му се случило да се здобие со непријатни темни дамки околу колената и лактите. Нив можете да се исчистите добар со свеж лимон – високата киселост ќе ја отстрани бојата и ќе ви ја врати меката кожа со рамномерен тен.

4. Жолти и кршливи нокти
Измешајте неколку капки сок од лимон со рициново или бадемово масло. Мрсната мешавина нанесете ја на вашите нокти и оставете да дејствува барем 20 минути. Исплакнете темелно со млака вода.

5. Првут
Ако имате првут или сув, нервозен и ронлив скалпот, нанесете лимонов сок директно на кожата на главата и радувајте се на резултатот. За да го зачувате ефектот, користете го овој трик барем три пати неделно, додека не се постигне посакуваната цел.