Јункер повторно го обвини Ципрас дека лаже

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер уште еднаш го критикуваше грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговата влада поради преговорите за грчкиот долг, пренесе BBC.

430x330 (34)

Според него, кабинетот оди со мамење на  луѓето  во однос на преговорите . Според него, многу од објаснувањата на Ципрас за барањата на доверителите не одговараат на вистината. Не сум кажал таква работи, рече Јункер. Како пример тој даде предлогот за зголемување на ДДВ за лековите, електричната енергија, некои даноци и сличноНе само што не сум го нудел тоа, но го сметам за голема грешка, отсече тој и инсистираше дека дебатата ќе биде многу полесна и за двете страни, ако Атина престане со лагите и претставување токму на барањата на Европската комисија.

Потсетуваме вчера Ципрас жестоко им се нафрли на доверителите и најмногу на Меѓународниот монетарен фонд, кој носел одговорност за ситуацијата во неговата земја. Грција е понижувана и задушувана финансиски, не за прв пат изјави тој.

Не е сигурно дали и во четврток ќе може да биде постигнат договор.