Туск со ултиматум до Грција: Или договорете се, или банкрот…

од desk3
115 прегледи

Вонредната средба на врвот на еврозоната во понеделник нема да биде “последниот чекор” во кризата околу спасувањето на Грција. Ова го објави во видео-изјава претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, цитиран од ДПА.

туск

Треба да ги оставиме илузиите дека ќе има магична одлука на највисоко ниво. Нема да има детални технички преговори. Тоа останува задача на министрите за финансии, посочи Туск.

Туск ги повика да се запре со “игрите”, кои се одиграа, пренесоа БНР. Тој предупреди дека “сме блиску до моментот во кој грчката влада ќе треба да избира меѓу тоа да прифати еден добар предлог за продолжување на помошта или да се насочи кон банкрот.”

Истовремено САД ги повикаа Грција и меѓународните кредитори кон постигнување на “итен компромис”, соопштува РИА Новости. Вашингтон, преку портпаролот на Белата куќа, апелираше до двете страни да го надминат ќор-сокакот околу тековните разговори за рефинансирање на Грција, во позадината на стравувањата дека ако не добие помош, земјата може да банкротира и да ја напушти Еврозоната.