Почна реализацијата!?- руската државна банка ВТБ заинтересирана за приватизација на грчки средства

од desk3
94 прегледи

Руската државна банка ВТБ е заинтересирана за учество во евентуалната приватизација на грчки средства, изјави претседателот на банката Андреј Костин, цитиран од агенциите, соопшти БТА.

“Инвестициите во економијата на Грција можат да бидат интересни, ако Грција го одобри планот за приватизација”, коментира Костин на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

питин ципрс

Подоцна тој го повтори кажаното и пред агенција Reuters, додавајќи дека е рано да се коментира кои средства претставуваат интерес и колку пари би вложила банката. Грчката влада размислува за прашањето за приватизацијата на пристаништата Пиреја и Солун, како и на железничката компанија Треносе.

За време на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург се потпишани вкупно 205 договори за над 293,4 милијарди рубљи (околу 5,43 милијарди. Долари), објавија организаторите цитирани од агенциите. Во форумот учествуваа рекордни 10 000 луѓе од 120 земји,а за покривање биле акредитирани околу 2.000 новинари.

Во настаните се вклучиле лидери на Грција, Кина, Киргистан, Миянма, Монголија, Саудиска Арабија, Бахреин, Ирак и осум поранешни шефови на држави, околу 200 шефови на странски компании и 1.500 нивни руски колеги. Организацијата е чинела 1,2 милијарди рубли, од кои 3% проценти се државни средства.