Што да јадете кога сте мамурни

од Vladimir Zorba
307 прегледи

Никој не сака да страда од мамурлак, но има денови во кои едноставно сакаме да заборавиме за сè друго и застануваме во броењето на чаши. Наутро природно се чувствуваме страшно и посегнуваме по различни апчиња, за да нè стават во кондиција.dd1ce61f5a3c7e4107289bf424b3e3db (1)

Шутнете ги лековите, сè што ви треба е во кујната!

Еве и неколку идеи:

Свежо цеден портокал

Ако немате киселини во стомакот, туку едноставно тешки главоболки, еден цеден портокал ќе помогне. Во него има многу витамин Ц, а свежиот благо кисел вкус набрзина ќе ве подигне.

Тост со варено јајце

Не посегнувајте по сланина и другите мрсни меса. Тие помагаат да не сте гладни, но откако работата е завршена, само ќе го иритираат стомакот. Тостот ќе го смири разбеснетиот стомак, а јајцата се чист протеин кој ќе ве заситат и ќе ве наполнат со потребните хранливи состојки, од кои вашето тело има потреба.

Вода и чај

Не посегнувајте кон кафето! По големо количество алкохол организмот е дехидриран, а кафето е диуретик и само ќе ја влоши ситуацијата. Започнете го денот со голема чаша вода, а потоа може да грабнете и билен чај или овошен сок.

Чоколадо

По опивњето најверојатно крвниот притисок ви е низок, а најлесно може да го подигнете со чоколадо. Јагленохидратите и протеините исто така помагаат!

Нешто солено

Чудно, но вистинито! Дехидрираното и заморено тело има потреба не само од течности, туку и од нешто солено, бидејќи меѓу сите исфрлени витамини и минерали, сте го отстраниле и натриумот од организмот. Киселата зелка и краставици се одличен избор, бидејќи се богати и на други хранливи материи како калиум, витамин А, калциум и манган, а можат и да ви ја олеснат главоболката.