Состојките во грозјето, шумските плодови, а оттаму и во црвеното вино помагаат за слабеење, покажува новото истражување објавено во “Индипендент”.
Сите тие содржат состојка која ги согорува калориите. До заклучокoт се дошло по експеримент со глувци, на кои научниците им давале ресвератрол, еквивалентен на луѓето кои конзумираат 200-300 грама бобинки или грозје на ден. Резултатите покажале дека глодарите стекнале 40% помалку тежина од оние кои не земале ресвератрол.
Истражувањето покажува дека и други полифенолни хемикалии во плодовите можат да имаат сличен ефект. “Полифенолите во овошјето, вклучувајќи ресвератрол, ја зголемуваат генската експресија, која ја подобрува оксидацијата на прехранбените масти, така што телото не се оптоварува”, објасни проф. Мин водечки истражувач во студијата од државниот универзитет во Вашингтон.
Богати со состојката за слабеењесе боровинките, јагодите, малините, грозјето и јаболката.