Конечниот договор на доверителите со Грција ќе биде постигнат до крајот на оваа недела. Такво мислење изрази претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер, цитиран од “Фокус”.
Лидерите на земјите од еврозоната, исто така ја потврдија можноста да се постигне договор за програмата за реформи во Грција и Деблокирање на помош за неа пред крајот на неделата.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас во понеделникот посочи дека Грција направила предлози за балансирање на буџетот за 2015 и 2016 година, врз основа на целите за основни вишоци кои “ги надминуваат” барањата на доверителите. Во писмото до претседателот на Европската комисија Ципрас наведува дека за да стигне до примарни вишоци од еден процент од годишниот бруто домашниот производ за 2015 година и 2% за наредната година, Грција презела фискални мерки во вредност од 1.51% и 2.87% од БДП, соодветно за 2015 и 2016 година Ова е малку повеќе од бараното од доверителите.
Покрај тоа, извори од грчката влада изјавија дека Грција го прифатила принципот на продолжување на оваа програма за финансиска помош, која истекува на крајот на месецот и која ќе ја задржи земјата платежна, додека се најде долгорочно решение за долгот.
Европските партнери поздравија предлогот на Атина да направи промени во пензиското законодавство и да собере повеќе пари од ДДВ. Јункер го утврди грчкиот предлог за ограничување на државните расходи како “важен чекор напред” и како основа за договор според кој на земјата ќе и бидат доделени нови средства. Во својот предлог на преговорите Грција се согласи да го реформира пензискиот систем и да собере 1,3 милијарди евра од ДДВ во 2016 година
Ако министрите за финансии од еврозоната се согласат, конечниот договор може да биде потпишан од страна на европските лидери, кога ќе се состанат во Брисел овој четврток. Со таа цел министрите за финансии од еврозоната ќе одржат седница во среда.
