52% од мажите би користеле апчиња за контрацепција

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Половина од мажите би земале апчиња против забременување, ако на пазарот имаше такви, покажува новото истражување објавено во “Дејли телеграф”.Emergency contraception

52% велат дека ја чекаат со нетрпение појавата на револуционерната машка пилула која во моментов се тестира од фармацевтските компании. Се очекува машката орална контрацепција да биде на располагање на корисниците за две години.

Една четвртина од мажите велат дека сигурно ќе имаат корист од пилулата, а 23% “не се сигурни”. Апчињата ќе дејствуваат така што ќе ја спречуваат способноста на сперматозоидите да оплодуваат јајце клетки. Ќе се продаваат неколку различни вида машка орална контрацепција.Едните ќе дејствуваат врз протеинот за покривање на површината на сперматозоидите, па ќе ги спречува да допливаат до јајце клетката. Разгледани се и други лекови со името “Чисти чаршафи” кои ќе им овозможуваат на мажите да стигнат до оргазам без да ејакулираат.