Kaко да ги осветлите стриите?

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Стриите се едни од најпознатите ужасни проблеми на жените, особено во моментот кога температурите почнат да се зголемуваат.f90bab45b573c08f1d9c79602fa6335c

Бидејќи летните денови предиспонираат и често го наметнуваат носењето на значително скудна облека, дами со стрии по кожата почнуваат да бараат различни начини со кои може да го прикријат својот недостаток.

Појавата на стриите се должи на затегнување до степен на кој еластичноста веќе не може да одговори.

Обично, разликите во бојата се должат на времето на настанување – новите се црвено-виолетови, а постарите почнуваат да бледнеат и често личат лузни.

Најподложни се жените, на кои им претстои да станат мајки, но овој проблем е заеднички и кај млади девојки, во процес на раст.

Бидејќи стриите се многу тешки за целосно отстранување, освен со операција, дермабразио или ласер, алтернативните опции се постапки со цел промена на бојата.

Претставуваме некои трикови со кои може да се осветлат кожните оштетувања.

1. Интензивни навлажнувачи

Можете да ја хидрирате кожата, нагласувајќи главно врз проблематичните зони, при тоа користите мешавина од рицинусово масло и какао путер. Користете ја добиената смеса и активно масирајте со кружни движења на местата на кои се појавиле веќе стрии. Можете без проблем да го користите овој метод и како превентива за да ја заштитите кожата.

2. Алое Вера

Многу пати сме споменале дека употребата на Алое Вера има многу добро влијание врз кожата и косата. Смирувачките својства помагаат во заздравувањето и имаат ефект и врз стриите. Земете стебло алое вера и одвојте го внатрешниот дел. Свежата срцевина користете ја за бришење нежно на кожата за најмалку 10 минути. Оставете да подеjствуваат соковите и потоа исплакнете со млака вода.

3. Витамини

Стриите се менуваат во позитивна насока со интензивно “инјектирање” на витамини. Користете неколку ампули Витамин Е и Витамин А во еднакви пропорции и нанесете рамномерно на кожата, додека течноста не е целосно апсорбирана. Повторувајте барем 4 пати неделно, а ако ви е можно – почесто.

4. Масажа со масло

Масло од сладок бадем, измешано со пченица и Argan масло помага при осветлување на стрии. Бришење со кружни движења на проблематичните зони секој ден. Во случај да очекувате дете, масирајте по два пати на ден на стомакот од првиот триместар од бременоста. На овој начин нема да има потреба да се справувате во иднина со слични кожни промени.