Просечна оценка на екстерното 3,26

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Учениците на екстерното тестирање постигнале просечна оценка од 3,26, покажаа резултатите кои денеска се истакнати во сите основни и средни училишта.

56BF9FF9-7A90-440C-9923-108D2FF93D10_w308_h173

Минатата година просечната оценка на постигнувањата беше 3,6, соопшти Државниот испитен центар. Од утре до 30 јуни учениците ќе може да поднесат приговори до Училишната комисија.Естерното тестирање беше спроведено за учениците од 4-то одделение во основното образование до 3-та година во средно образование, во периодот од 2 до 10 јуни.