Европските кредитиори и предлагаат на Грција 12 милијарди евра помош до крајот на ноември, под услов Атина да се согласи за серија реформи и буџетски мерки, се наведува во документите од преговорите.
Европските кредитори предлагаат продолжување на преговорите за програмата за спас од банкрот за пет месеци и се подготвени да и доделат уште 12 милијарди евра на Грција, која ќе добие уште 3,5 милијарди евра од Меѓународниот монетарен фонд.
Кредиторите се подготвени да и дадат на Атина 1,8 милијарди евра веднаш откако грчкиот Парламент ќе го изгласа договорот.
