Протест пред регулаторна комисија за енергетика

од desk3
84 прегледи

Исклучените граѓани од системот за парно греење денеска протеситраа пред Регулаторната комисија за енергетика, објави „Фокус“. Тие најавија дека правдата ќе ја бараат во судот во Стразбур, оти домашните судови го затвориле нивниот случај. Тие и понатаму нема да бидат корисници на парно, но секој месец ќе плаќаат паушални сметки, како и до сега, со објаснување дека користат топлина од соседите.

74515-96631

Во Скопје има околу 20 илјади семејства кои се соочуваат со овој проблем и кои немаат начин како да го надминат. Никој од засегнатите не е на нивна страна, ниту комисијата, ноту Балкан енерџи груп, ниту власта. Оваа група граѓани го откажале користењето на парното незадоволни од топлината, но сега подолго време се приморани да плаќаат сметки, иако користат друг извор за греење.

 

Извор: МЕТА