Масовни откажувања на летните одмори во Грција, е првата реакција на граѓаните во Македонија и во регионов, јавуваат медиумите на Балканот.
Првичните калкулации на туристичките оператори велат дека ќе ги пренасочат нивните клиенти кон други дестинации Бугарија, Црна Гора или Турција.
Поради влошената финансиска ситуација во Грција и нејзиниот банкрот, почнаа откажувањата на уплатените летни аранжмани. Турооператорите допрва ќе направат есап или кризен план, каде ќе ги водат своите клиенти кои однапред платиле за одмор од 1 јули.
Најверојатно, ќе бараат помош и од државата за да ги поддржат во оваа тешка, но сепак очекувана ситуација.
Дополнително ја влоши ситуацијата затворањето на банките и нивните експозитури, така што затечените македонски граѓани се на мисла предвремено да се вратат дома. Првиот бран туристи се очекува во текот на ноќта или изутрина да се вратат во земјата. Има најави за зголемување на цените на прехранбените производи и пијалаци во Грција.
извор: Репортер
