Рекорден број на луѓе го преминале Средоземното Море, во обид да стигнат до брегот на Европа за првите шест месеци од оваа година. Тоа го открива извештајот на ОН, цитиран од The New York Times. Повеќето од нив можеле да се преселат како бегалци според меѓународното право.
Во извештајот Агенцијата на ОН за бегалци наведува дека 137 000 луѓе го преминале морето од јануари до јуни и пристигнале во Грција, Италија, Малта и Шпанија. Нивниот број е зголемен за 83% во споредба со истиот период минатата година. ОН додава дека очекува бројот на мигрантите да продолжи да расте во втората половина на годината.
Трите најголеми групи се Сиријците, Авганистанци и Еритрејци, што покажува дека овие мигранти бегаат од војната или гонење. Ова ја прави кризата во Медитеранот главно криза на бегалците, забележува ОН.
Секој еден од тројца од пристигнатите во Грција и Италија е Сириец.
Над 1.800 луѓе нашле смрт, додека се обиделе да го преминат Средоземното Море.
Минатата година Шведска и Германија имаат усвоено најголем број бегалци.
Европската унија планира да спроведе воени операции, за да се справи со шверцерите, кои превезуваат мигранти во Медитеранот.
