Грција официјално ќе банкротира за 1 месец

од desk3
108 прегледи

Image_4848828_407

Во 1.00 часот во ноќта наспроти среда истече крајниот рок за Грција да го плати придонесот на долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Иако должничките 1,6 милијарди евра не беа префрлени, Грција не паѓа автоматски во банкрот, туку се претвора во нередовенн исплатувач. Реално, до вистинскиот банкрот има уште еден месец – ако нема плаќање, а за две недели Фондот треба да испрати предупредувачко писмо на националната банка, а потоа уште две недели да ги информира и членовите на Управниот одбор . Дури тогаш може да се зборува за вистински банкрот.

Премиерот Алексис Ципрас повторно ги повика Грците да гласаат против Европа во неделата и ја врза своето политичко иднина со излезот од референдумот. Тој вети дека ќе поднесе оставка ако сепак земјата одлучи да остане во Еврозоната, бидејќи не можел да ја понесе одговорноста за уште буџетски кратења.

Ако еврото остане, Грција ќе ги има истите проблеми како досега – надуен јавен сектор, кој апсорбира многу средства; премногу дарежлив пензиски систем, која освен во големина пензии, дава голем број на можности за рано пензионирање; недоволна ефикасност при собирање на даноците; неефикасно користење на јавните средства. Експертите кои сметаат дека е можно Грција да остане во Еврозоната се едногласни – дали со Ципрас или со друг премиер, реформите се неопходни, при тоа брзо. Дали од тројката или не, Грција повторно ќе има потреба од кредити, забележува Нова ТВ.

Повеќето експерти предвидуваат тешка криза, ако Грција ја напушти еврозоната. Новата валута, најверојатно драхма, ќе поевтинее нагло. Ова ќе ја намали значително куповната моќ. Увозот ќе поскапе. Грција увезува стоки за 62 милијарди долари. Тоа не е вонредно голема сума, но некои работи без кои не може, се вклучени во неа. Нафта и нафтени производи сочинуваат над 1/3 од увозот. Лековите кои Грција не произведува сама, ќе поскапат значително. Скок ќе има во цената на електрониката, автомобилите и деловите за нив и уште редица стоки.

Некои експерти укажуваат дека долгорочно излегувањето од еврото има позитивни страни. Може да се зголеми посетеноста од туристи. Земјата ќе стане атрактивно место за директни инвестиции. Сето ова сепак ќе има ефект по некое време, со што Грците го немаат, поради тешката финансиска состојба на земјата.