Претседателот на антикорупуциската комисија, Горан Миленков, откако даде изјава за работата на антикорупциската одлучи да им побегне на новинарите соочен со непријатните прашања за него, кои почнаа да му ги поставуваат.
Прво беше прашан дали не се срами од тоа како комисијата практично не си ја работи работата на што тој одмолче. Потоа следеше прашање зошто комисијата ги игнорира индициите за криминали на власта во бомбите што ги објавува опозицијата. Најверојатно изнервиран и неспремен за одговори претседателот, револтиран си замина, а новинарите останаа без одговори.
Во извештаите на Рајнхард Прибе и на Стејт департментот една од главните забелешки е дека има голема корпуција во државата и дека надлежните институции требе да дејствуваат и да го спречат тоа.
Антикорпуциската комисија од кога постои е предмет на критики за нејзиниот контроверзен и селективен однос со забелешки дека работи така како што и диригира премиерот Груевски.
Во текот на денот ке биде објавен видео запис од денешната непријатна средба на првиот антикорупционер со новинарите.
фото: Академик.мк
