Не запираат вестите за Тамара, а посебно треската околу нејзината свадба! 11262085_908259252543092_1145141689775808164_n

Поп пејачката Тамара Тодевска е храбра и необична во секој поглед, па не нѐ изненади нејзината луда свадбена фотосесија, но очекувавте ли дека ветувањето на вечна љубов ќе го нацрта и на своето тело?11693960_929034633783922_8261251027676846244_n

Два дена по големата свадба кога ја испочитува традицијата, па облече невестински фустан, ја собраа сватовите од дома и се венчаше во црква, па потоа имаше вистински концерт наместо свадба во ресторанот Атланта, што можеше да се види и од самите фотографии од веселбата, Тамара и сега веќе сопругот Александар Димитровски -Мачка си истетовираа бурми на рацете.

Тамара видно возбудена објави фотографија од студиото на Фејсбук за да ја сподели среќата со пријателите и фановите. За бурмите се погрижил тату артистот Горан Мичич.
10369226_930205137000205_8828109340844263779_n

 

Иако во моментов е екстра популарна венчавката на Тамара тоа не значи дека таа си зема одмор од работа. Напротив само ден по свадбата, таа го објави и својот нов видео спот за баладата „Совршен крај“. Видеото е краток филм во кое се појавуваат македонски актери и прикажува љубовна романса на жена која е во несреќен брак.

 

Слични содржини