Македонската поп пејачка Тамара Тодевска денеска се омажи.  Таа и нејзиниот избраник  кошаркарот Александар Димитровски-Мачка, се одлучија сепак за традиционална свадба.Screenshot_1131

Според првите објавени фотографии, таа избрала фустан во боја на шампањ, со долг вел. Свадбата започнала со традиционалното земање на невестата од домот и продолжила во Соборниот храм “Света Богородица” во Скопје.

Веселбата ќе се одржи во ресторанот ’Атланта’, каде што еден од сопствениците е нејзиниот иден маж.
Претходно беше најавувано дека Тамара сакала да носи црвена венчаница, па дали можеби ќе облече токму таква подоцна во ресторанот, останува да видиме.

Слични содржини