Поп пејачката Тамара Тодевска е храбра и необична во секој поглед, па не е изненадување што дури и нејзината свадбена фотосесија пресликува дел од нејзиното детинесто лудило.11693960_929034633783922_8261251027676846244_n

Иако можеби на свадбениот ден ја испочитува традицијата, па облече невестински фустан, ја собраа сватовите од дома и се венчаше во црква, таа имаше вистински концерт наместо свадба во ресторанот Атланта, што можеше да се види и од самите фотографии од веселбата.

Но, можеби последното нешто кое го објави како плод на нивната љубов, “свадбената фотосесија“ од неа и Александар Димитровски -Мачка, е најубавото нешто за око. Наместо стандардните клише „заљубени“ фотографии, тие пред апаратот на Кристијан Теодоров позираа во опуштени пози, играјќи си со секакви бои, на заедничко задоволство.

За што точно станува збор погледнете во фотосесијата.

Слични содржини