Џастин Бибер се снимал како плаче, фановите во коментарите го прашуваат истото

од Vladimir Zorba

Пејачот Џастин Бибер објави серија фотографии на социјалните мрежи, а на некои гледа во камерата и плаче. Иако Џастин не објасни зошто плачел и се снимал, фановите изразија загриженост во коментарите.

Многумина ги игнорираа другите фотографии од настапот кои пејачот ги објави и сите го поставија истото прашање во коментарите.

„Дали е ова знак?“, „Те молам кажи ми зошто плачеш. Ме интересира“, „Зошто плачеш?“, „Се надевам дека си добро, извини што гледам како солзи течат по твоите образи“, „Дали е се во ред?“, „Не плачи затоа што тогаш и јас ќе плачам“, „Џастин, тука сме за тебе“, му пишуваат фановите.

Фотографиите на кои тој плаче ги коментираше и неговата сопруга Хејли Бибер. „Убав плачко“, напиша таа.

Во последните недели се шпекулира дека Џастин и Хејли имаат проблеми во бракот. Гласините се проширија откако нејзиниот татко Стивен Болдвин ги повика христијаните да се молат за нив. Хејли, од друга страна, ги демантираше гласините.

„Само информирам, приказните што постојано ги гледам на TikTok се 100% погрешни. Составени од ништо, тие потекнуваат од заблуди. Знам дека можеби е забавно да се верува во тие приказни, но само за да знаете дека тие се лажни“, напиша Хејли на Инстаграм.

Слични содржини