Тамара Тодевска  и нејзиниот избраник  кошаркарот Александар Димитровски-Мачка, веројатно вчера ја организираа свадбата на годината!

Во текот на денот веќе ги видовме првите фотографии од традиционалното земање на невестата од домот и Соборниот храм “Света Богородица” во Скопје.tamara-svadba-l

Подоцна веселбата продолжи во ресторанот „Атланта“, и таму навистина се случила журката на годината. Тамара одамна најавуваше дека сака голема свадба со сите нејзини пријатели, па така покрај блиските, гости ѝ беа и сите нејзини колеги кои дури и се качија на сцената.11050642_10207127042713213_9076003980775539254_n-520x693

На социјалните мрежи се појавија многубројни селфиња од Весна бејбе, Пере, Каролина, Елена, Роберт Билбилов, Туна, Боки 13 и многу други кои можете да ги видите во галеријата подолу.

Во текот на вечерта Тамара заедно со група гости со транспаренти во рацете му испрати и поддршка на Игор Џамбазов кој закрепнува во болница по добиениот срцев удар.1121438410902779743328365604495197705048447n0

Бидермаерот го фати една од најблиските другарки на Тамара, Катарина Ивановска, на која не ѝ е првпат да го зграби букетот во рацете оваа свадбена сезона, па не е неверојатно да очекуваме свадба и од неа наскоро.

Слични содржини