Знаеме дека со доаѓањето на летните месеци треба да користиме заштитен крем од сонце за кожата. Но, како да ја одбраниме бојадисаната коса од штетните зрачења? “Харпер базар” нуди пет начини.
Прво, инвестирајте во филтер за тушот во бањата, кој ќе ги отстранува штетните материи од водата за капење. Станува збор за супстанции како магнезиум и бакар, како и железо и ‘рѓа од цевките.
Второ, замолете ја вашата фризерка да ве третира со посебни серуми за зачувување на бојата, откако ви е бојадисана.
Трето, плакнете ја косата пред и по пливање. Ова се прави за да ја заштитите од хлорот во базените. Оваа супстанца служи за да убива бактерии во водата, а кога ќе дојде во контакт со вашата коса, тие својства штетат.
Четврто, користете средства а сончање и за косата – слични козметички средства можат да се најдат во продавниците.
Петто, избегнувајте употреба на фенови и преси. Топлината од сонцето штети доволно на косата за да ја измачувате и со дополнителни високи температури.