Грците го  послушаа Ципрас

од desk3
248 прегледи

 

Повеќето Грци ја послушаа пораката на премиерот Алексис Ципрас: на референдумот во неделата со “Не” гласаа над 61 отсто од избирачите.

0,,18561229_303,00

Резултатите од спроведениот во неделата референдум покажуваат јасна предност за противниците на нов договор со доверителите: со “Не” гласале над 61 проценти од гласачите, а со “Да” – под 39 отсто.

Во меѓувреме, грчката влада објави дека нема да воведе паралелна валута. Набргу откако медиумите ја онјавија веста дека Грците гласаа против нов договор со доверителите, грчкиот координатор на преговорите со кредиторите Евклид Цакалотос го изјави следново: “Не разговараме за прашањето за воведување на нова валута. Не мислам исто така, дека се покануваат да не исфрлат од еврозоната. Подготвени сме да разговараме со нив уште вечерва “, рече Цакалотос.

А пред телевизија ANT1 владиниот портпарол Гаврил Сакеларидис рече дека уште вечерва грчката Централна банка ќе побара од ЕЦБ да го укине ограничувањето на итните кредити за грчките банки. Пред гласањето во неделата претставници на еврозоната предупредија дека ако Грците го отфрлаат предлогот на доверителите, ЕЦБ ќе е попречена да продолжи да пушта итна финансиска помош на грчките банки.

Набргу откако станаа познати првите резултати, заменик-претседателот на социјалдемократската фракција во германскиот Бундестаг Аксел Шефер побара свикување на вонредна средба на европските лидери: “Ситуацијата е премногу сериозна, за да го оставиме прашањето во рацете на министрите за финансии”, рече тој. Пред тоа беше соопштено дека во понеделникот попладне германската канцеларка Ангела Меркел ќе замине за Париз за консултации со францускиот претседател Франсоа Оланд. На официјалната вечера двајцата ќе разговараат за новата ситуација околу Грција.