Група граѓани и жители на Водно денеска го спречија уривањето на гаражите во населбата Водно кои треба да отворат пат до парцелите каде треба да се градат објекти за семејно домување.
Сопствениците на гаражите, меѓу кои и бизнисменот Ристо Гуштеров, претходно добија времено одложување, но решението за уривање останува. Тие сега стравуваат дека гаражите ќе им бидат урнати преку ноќ.
” Како што гледате власта на чело со Груевски продолжува со своето лудило и сакаат да го тераат тој налудничав проект. Ова е последното зеленило што може да се заштити, но кога имате работа со луѓе кои не водат сметка ниту за својата држава ниту за својот народ, и тераат проекти од налудничава природа, не можете да очекувате ништо повеќе. Самата намера дека премиерот ќе ги решава проблемите со дигање на 15-метарски бетонски ѕид, само по себе по мене тоа е најлудничавиот проект. Целиот тој потез на Водно е уништен од нивни компании” – посочи Гуштеров.
Парцелите за кои се отвора пат се со површина од 12 илјади метри квадратни и на нив се наоѓа шума. Парцелите се најдоа и во една од таканаречените бомби на опозицијата, при што лидерот на СДСМ, Зоран Заев обвини дека тие се во сопственост на луѓе блиски до власта.