Меркел со остро Nein: Класично кратење на грчкиот долг не доаѓа предвид

од desk3
139 прегледи

merk_1858936c
Германската канцеларка Ангела Меркел за време на нејзината денешна посета на Сараево повтори дека кратење на долгот на Атина кон доверителите не е опција за излез на Грција од кризата.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Меркел објасни дека во 2012 година еврозоната се соочила со прашањето на одржливост на грчкиот долг, поради што морала да преземе низа чекори како одлагање на роковите за исплата на кредитите, со што еврогрупата стекнала искуство потребно за решавање на кризата.

– Реков дека класично отпишување на долговите не доаѓа предвид. Тој мој став не е променет од вчера до денес, изјави Меркел објаснувајќи ги разликите во ставите меѓу неа и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), од каде стигнаа заложби за значително простување на долгот на Грција. /МИА