Бунтување со пожар во центарот за азиланти во Визбегово

од Vladimir Zorba
163 прегледи

МИгрантскиот живот во Македонија станува се понеподнослив, а синоќа предизвикан бунт со предизвикување пожар за да се привлече вниманието на јавноста за мизеријата и неправдата која ги пристиска.
114442
Инцидент се случил синоќа  во центарот за азиланти во Визбегово, кога во знак на револт дел од мигрантите се обиделе да предизвикаат пожар.
До Локално стигна  аматерско видео, во кое се гледа како гори хартија на прозорецот. Мигрантот кој што го снимил извесен Омар, вели дека условите се неподносливи и дека барат да бидат пуштени на слобода.
Од невладината „Легис“ го потврдуваат инцидентот, велат во изминатиов период имало повеќе форми  на протест и обид за самоубиство. Во центарот имало уште 50-тина мигранти кои бараат да бидатослободени.
Од „Легис“ тврдат дека е зголемено полициското обезбедување во центрите, а протест почнал и во центарот во Гази Баба. Од противпожарната единица интервенирале, но велат пожарот не се разгоерел. Пораката е испратена , но за разбирање и решавање веројатно ќе се почека.