Карминот е еден од најомилените производи на жените во целиот свет. Просечно, дамите поседуваат најмалку 4 различни бои.
Но, дали некогаш сте размислувале што има во овој така често користен козметички “пријател”?
Направивме едно истражување и собравме на едно место шокантни состојки во некои кармини.
1. НЕ се само лоши вести
Прво ние би сакале да ве смириме дека има и добри вести. Сите ги сакаме кармините и не сакаме да ги фрлиме директно на ѓубрето. Поголемиот дел од производите од овој тип содржат апсолутно безопасни и дури и корисни за организмот состојки. Најчесто има рицинус или восок, кои можат да бидат идентификувани како 90%.
2. Изгмечени бубачки
Пигментот кој се користи во црвените кармини често е направен од смачкани бубачки. Овој вид се среќава во кактусите, тие се варат во раствор од натриум карбонат или амонијак, кој ја вади црвената боја. Потоа се сушат, се мелат во прав и се додаваат во карминот.
3. Лушпи на риба
Кармините кои имаат сјај, најчесто него годолжат на лушпите на некоја риба. Да, може да ви се чини неверојатно во 21-ви век тоа да е единствената опција, но вистината е дека сѐ уште не е пронајдена алтернативна опција на оваа состојка.
4. Олово
Иако употребата на олово во кармините беше забранета пред многу години, сѐ уште може да се пронајде во некои кармини. Оваа “состојка” може да остане со акумулација во телото и да доведе до многу сериозни невролошки проблеми. Поразителен е фактот дека од една студија направена во 2009 година излегува дека во секој испитуван кармин има траги од олово.
5. Чили во прав
Друга од најчесто користените состојки во карминот се лути пиперки во прав. Течните кармини кои ветуваат повеќе волумен го користат соединението “капсаицин”, што се наоѓа само во лутите пиперки. Токму од него доаѓа чувството на оток и нежно горење што одредени кармини го оставаат по нанесување. Капсаицинот не е опасен, но може да делува доста иритирачки на некои нежни типови кожа.