Босна денесka одбележува дваесет години од геноцидот во Сребреница .Остатоците на 136 неодамна идентификувани жртви ќе бидат погребани во меморијалниот центар до остатоците на други над 6.000 муслимани, убиени во 1995 година. Се очекува на церемонијата да присуствуваат околу 50 000 луѓе.

За време на војната во Југославија илјади муслимански мажи и момчиња беа убиени од босанските Срби, откако тие ја презедоа контролата врз Сребреница.Тоа е најголемото убиство на европска почва од Втората светска војна наваму. На свеченоста се очекува да дојде и премиерот на Србија, Александар Вучиќ. Белград не го признава извршеното за геноцид. Пред неколку дена на барање на Србија Русија стави вето на резолуцијата користејќи ја оваа дефиниција, во Советот за безбедност на ОН. Два меѓународни судови решија дека масакрот во Сребреница бил геноцид. Во 2005 година тогашниот претседател на Србија Борис Тадиќ ја испочитува 10-годишнината од трагедијата. Тој беше првиот српски лидер, кој дошол на церемонијата. Меѓу политичарите кои ќе присуствуваат, се еврокомесарот за надворешна политика Федерико Могерини е и Бил Клинтон, кој беше претседател на САД за време на војната и чија администрација посредува за Дејтонскиот договор.