Mинистрите за финансии на ЕУ не донесоа одлука за Грција

од Vladimir Zorba
141 прегледи

Средбата на советот на министрите за финансии на Еврогрупата заврши. Решение за Грција не беше донесено. “Седницата на Еврогрупата заврши. Продолжуваме утре “, напиша на Твитер финскиот министер за финансии Александар Стуб.20150712.kgfpyrsxfc

Министерот за финансии на Словачка Петер Казимир во одговор на прашање во врска донесувањето на решение за Грција, рече дека тој ќе биде наскоро негативен, напиша дописникот на Sky News на Твитер.

Претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум истакна дека средбата ќе продолжи на 12 јули од 11:00, пишува The Guardian. “Донесовме решение да ја завршиме нашата средба и да продолжиме со работата изутрина.

Се одржа доста интензивна дискусија, која помина доста тешко. Остануваат прашањата за финансиската поддршка, како и проблемот со довербата во грчката страна … Не е лесно, но работата продолжува “, рече Дејселблум. Премиерот на Малта, Џозеф Мускат, исто напиша на Твитер: “Информираме за залудна средба на Еврогрупата. Утре ќе биде долг ден “.