Вкупно 84% од Грците сакаат да го задржат еврото, покажуваат резултатите од истражување кое го пренесува Ројтерс.
Дури 12% од испитаниците претпочитаат враќање кон драхмата.
Истражувањето е извршено од социолошката агенција Метрон аналисис за “Параполитика”. Иако повеќето учесници во студијата рекле дека сакаат зачувување на еврото, 55 проценти изјавиле дека гласањето со “не” на референдумот минатата недела беше правилно.
Најголема останува поддршката меѓу Грците за партијата на СИРИЗА – 45,6 отсто од испитаниците рекле дека би гласале за партијата на премиерот Алексис Ципрас.