Трошење на премногу време во седечка положба го зголемува ризикот од рак на дојка, јајници и коскената срцевина кај жените, открија научниците.
Седењето на стол повеќе од шест часа дневно го зголемува за 10% ризикот од овие видови рак кај жените, но не влијае на мажите, утврдиле експертите.
Слабата физичка активност е еден од знаците за лошо здравје, но новата студија ја покажа конкретната закана за претставничките на понежниот пол.
Истражувачите од Американската асоцијација на ракот набљудуваа 146 00 лица – 69 260 мажи и 77 462 жени. Истражувањето траеше помеѓу 1992 и 2009 година,а истражувачите откриле дека ризикот од рак кај долготрајно седење расте со 10 проценти кај жените.