4 причини да јадете авокадо секој ден

од Vladimir Zorba
258 прегледи

Дали ви се допаѓа авокадото и колку често го јадете? Веројатно вкусниот плод често влегува во составот на вашите смути, салати, сосови и т. н. Еве 4 добри причини кои ќе ви откријат зошто е добро да јадете од него секој ден.7c99b08ce5c347091387289144a3fb1f

Богато е со корисни масти
Авокадото е одличен извор на мононезаситени масти – најдобрите масти, кои се содржат и во маслиновото масло и се грижат за здравјето на срцето. Овие добри масти можат да помогнат за намалување на гладот.
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои почесто вклучуваат авокадо во секојдневниот оброк, го зголемуваат чувството на ситост за разлика од оние кои ја избегнуваат потрошувачката.

Авокадото е кремасто, вкусна, но и витаминска бомба
Авокадото е суперхрана! Таа изобилува со хранливи материи кои помагаат на телото да биде здраво. Или кажано накратко, во еден плод авокадо се содржат над 14 минерали, протеини, 18 есенцијални аминокиселини, растворливи влакна, кои помагаат за контролата на вишокот холестерол, фитостероли, полифеноли, омега 3 масни киселини, витамини од групата Б витамини C, E и K и други.ec2e123b76c3da30cfbff846e497c277

Се намалува ризикот од развој на рак
Секој пат кога ќе додадете кон вашата исхрана добро созреано авокадо, вие го браните телото од развојот на рак.
Моќната комбинација од фитохемикалии во едно авокадо го спречува преносот на аденозин трифосфат до клетките на ракот. Тоа е супстанца од која тие треба да растат и да се шират.

Помага во слабеењето
Најновите истражувања во областа на здравата исхрана покажуваат дека корисните масти можат да помогнат во слабеењето. Богатата диета со здрави масти  може да го елиминира вишокот тежина.
Додавањето на половина авокадо кон вашиот ручек може да намали до 40% калории, додека ќе го зголеми чувството на ситост, што од своја страна нема да ве тера да се прејадувате помеѓу оброците.