Првиот човек на организацијата на Македонците во Грција, „Виножито“, Павле Воскопулос на Конференцијата ва Лерин, на тема: „Македонија на маргините на европската современост“ посочи дека актуелната ситуација со финансиската криза во Грција е позитивен тајминг за спорот со името.
“Постои можноста меѓународната заедница кој се соочува со отпор во Грција во нејзините добронамерни обиди да и помогне да се извлече од кризата, да сфати колку и е тешко на една мала држава, која се уште не е членка на Европската унија конструктивно да соработува со Грција за проблемот со името. Кога станува збор за меѓудржавни односи и како се делува и аргументира и на меѓународно ниво, токму оваа точка, јас лично сметам дека е добар тајминг околу ирационалниот и ирелевантниот проблем од Грција против Македонија“, вели Воскопулос.
денеска во Лерин-Грција,завршува втората научна конференција посветена на македонското прашање на која 12 научни имиња од Македонија, САД, Канада, Австралија, Грција, дискутираа за сите аспекти поврзани со македонското малцинство и прашање.
