Ако немате клима уред или не сакате да го користите, ви даваме неколку совети со кои ќе се разладите.
Мокра крпа на прозорецот – отворете го прозорецот и на отворот ставете влажна крпа или друга материја.
Коцки мраз пред вентилаторот – ставете чинија со коцки мраз пред вентилаторот.
Студена када за нозе – потопете ги нозете во студена вода, што е соодветно најчесто во домашни услови и е трик пред спиење. Ладењето на нозете го опушта целиот организам.
Замрзнати чорапи – особено во топлите ноќи, ледените чорапи му помагаат многу на сонот. Пред да си легнете ставете пар чорапи во фрижидер и обујте ги пред спиење. Истиот ефект може да се постигне со маицата или со навлаката на перницата.