Постојани бази на НАТО во Полска повеќе нема да има, изјави заменик-државниот секретар на САД за Европа и Азија Џон Хефрн, пренесува РИА Новости.
Тој го изјави ова во интервју за весникот “Жеч Посполита”. “На самитот на НАТО јули следната година во Варшава нема да се одлучува за распоредување на постојани бази на НАТО во Полска”, посочи дипломатот.
Полските власти повеќепати изјавиле дека сакаат постојани бази на своја територија.
Џон Хефрн сепак увери дека Вашингтон ќе одржи “постојано ротирачко присуство” на американските војници во Полска. “Ние ќе бидеме (во Полска) толку долго колку што е потребно”, прецизира американскиот дипломат.
