Мажите се дебелеат од татковството

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Жените кои родиле неодамна знаат колку е тешко е да си ја вратиш старата фигура, но излегува дека мажите исто така треба да бидат внимателни за половината по раѓањето на нивното прво дете.you-are-what-your-dad-eats-537x442

Научниците од северозападниот универзитет во Чикаго открија дека додека жените слабеат по раѓањето, мажите се дебелеат. Експертите набљудувале 10 000 мажи во период од две децении. Тие откриле дека оние од нив кои станале татковци, се со поголема веројатност да се здебелат во годините по раѓањето на нивното прво дете. Мажите кои до 30 години немаат деца, е помалку веројатно да страдаат од прекумерна тежина.

Колку повеќе кила се накачуваат, толку повеќе расте ризикот од развој на кардиоваскуларни болести, дијабетес и рак. За прв пат, сепак научниците ја докажуваат врската помеѓу татковството и тежината. Не е за потценување и промената во исхраната. Општо земено по раѓањето на децата, семејствата почнуваат да јадат повеќе, како и да консумираат повеќе слатки и колачи поради малите.