Санадер засега “куртули”, хрватскиот Уставен суд ја укина пресудата

од desk3
90 прегледи

 

Уставниот суд на Хрватска ја укина пресудата на поранешниот премиер Иво Санадер и нареди повторно разгледување на случајот, пишува загребскиот весник „Јутарни лист“.

y207259466729346

Според неофицијални информации на весникот судот одлуката ја донел на седница одржана во вторникот.

Засега нема информации кои се причините за поништување на правосилната пресуда на Санадер и кои негови уставни права се нарушени со неа.

Во 2011 година поранешниот премиер Иво Санадер беше обвинет дека примил поткуп од 10 милиони евра од генералниот директор на унгарската компанија МОЛ Жолт Фернади за добивање на котролен пакет акции во хрватската нафтена компанија ИНА.

Обвиненитео беше споено со претходно отвореното обвинение за незаконско збогатување за време на војната во 90-тите години, кога како заменик министер за надворешни работи Санадер земал од австриската банка „Хипо“ 545.000 евра провизија за кредит, што Хрватска го добила од неа.

Санадер по овие две обвиненија беше осуден на 10 години затвор, но минатата година Врховниот суд ја намали пресудата на 8,5 години./МИА