Летото со своите специфики може да биде многу стресна сезона, особено ако станува збор за убавината.
Ова е време во кое температурите се премногу високи за квалитетни производи, нивната траност станува потешка, а и нанесувањето се одвива вознемирувачки и до некоја мера мисијата е невозможна.
За да не го жртвуваме холивудскиот изглед, дефинитивно треба да преземеме одредени мерки и некои задолжителни производи со нас.
Тоа се оние компоненти на козметичкиот несесер со кои јаките сончеви зраци нѐ прават среќни, наместо да запаѓаме во тивка хистерија.
Ви претставуваме листа со работите кои НЕ ТРЕБА да ги заборавате. Барем не во следните неколку месеци.
1. Производ за чистење лице
Главниот недостаток на топли денови и високите температури е потењето. За да избегнете растекување на шминката и непријатни чувства, чистете го лицето во текот на денот. Ако носите шминка, украдете неколку минути, во кои ќе се освежите и ќе нанесете повторно подлога. Вистината е дека не трае повеќе од 5 минути и во голема мера е прашање на волја.
2. Влажни марамчиња
Напорните распореди дефинитивно не оставаат и една слободна минута, уште помалку за користење на течен производ. Тука на помош доаѓаат влажни марамчиња кои задолжително имаат антибактериски ефект. Многу од нив се достапни со различни адитиви од потхранувачки состојки како алое вера и витамини. Користете ги не само за да се исчистите, но и за да сте хидрирани.
3. Пудра
Добро е во потоплите месеци да ја замените камената пудра со течна пудра. Попријателскиот производ не само што не ги запушува порите, но и ја апсорбира влага и потта на начин на кој не останува на средината на денот со ефект на “вишок”. Ефектот дефинитивно не е во позитивна смисла. Освен тоа ќе бидете во чекор со тековните трендови за сезоната – мат како кадифе-кожа.
4. Водоотпорна маскара
Бидејќи многу дами ги намалуваат драстично козметичките производи кои ги нанесуваат на лицето во тоа време на годината, сепак, препорачуваме да се задржи маскарата. Ова е еден од начините со кои моментално ќе го промените својот изглед. Водоотпорната формула не се растекува и обезбедува трајност на целиот ден.
5. Балсам за усни
Фактот дека термометрите во горните граници ни од далеку не значат дека треба да ја игнорирате хидратацијата на усните. Искористете ги предностите на предлозите на пазарот, кои освен масла за негување, содржат и обоени пигменти. Свежо-розова секогаш е во мода.