Бејли Метјус, 8, се борел со церебралната парализа целиот свој живот. Оваа недела тој се натпреваруваше на „Касл Хауард Триатлонот“ (Castle Howard Triathlon) во Северен Јоркшир, Англија. 
И како тоа да не е доволно, тој ја заврши трката без својата помошна количка за движење.
По 100 метарското пливање во езеро, возење велосипед 4 километри и трчање 1,300 метри, тој одлучи да го остави помагалото и да го помине финишот со стил.
Неговата мајка Џули Хардкасл, за The Yorkshire Post, изјави: „Можете да го видите неговото мало лице кога пристигна и ги виде сите, тоа беше негов начин да финишира со стил и им покаже на сите што може да направи. Тоа беше одговорот на публиката која го поддржуваше да го стори тоа.“