Грчките финансиски пазари отвораат во понеделник

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Грчките финансиски пазари ќе отворат на 3 август , понеделник, соопшти Министерството за финансии на Грција, цитирано од Блумберг.

грција

Според изворот некои ограничувања сепак ќе останат на сила.

Претходно Ројтерс истакна, повикувајќи се на декретот на Министерството за финансии дека се уште тсе работи и реба да се воспостават нови правила за тргување.

Пазарите се затворени од 29 јуни, кога владата ги затвори банките и наметна строги рестрикции за повлекување на пари и странски трансфери , за да се спречи финансискиот  колапс.

Според плановите, одобрени од Европската централна банка, ќе биде дозволено на локалните инвеститори да купуваат акции со расположливите средства, но ќе биде забрането да се повлечат пари од грчките банкарски сметки, за да се купуваат акции.