Придобивките од папајата за убавината

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Секој географски регион има со што да импресионира во однос на козметиката и негата на изгледот.4819e6955c915d443aed2739e4ee4c2e

Традиционалните рецепти и егзотични состојки секогаш претставувале интерес на големите брендови, но вистината е дека нема ништо посигурно од домашната нега.

Мекото јадро на папајата е богат извор на витамини, минерали и антиоксиданси. Токму овие квалитети ја претвораат во мелем на жените и состојка за секакви рецепти, кои се грижат за здравиот изглед како на кожата, така и на косата.

Ви претставуваме неколку начини како да  го користите вкусниот плод за домашна нега, која ни ја открива тајната патека кон природната убавина.

1. За нега на кожата

За потхранување:

Папајата содржи Витамин А и ензим Папаин што помага за отстранување на мртвите клетки од кожата и неактивните протеини, а на тој начин ја подмладува кожата.Покрај тоа, можете да го користите егзотичниот плод, за да го потпомогнете подмладувањето  и сте хидрирани. Ако сакате нежна кожа, користете маска со папаја и мед. Изгмечете дел од плодот и помешајте со три лажици мед. Нанесете нежно врз лицето и вратот, и оставете да делува 20 минути пред да исплакнете со ладна вода.

За намалување на дефектите:

Ако страдате од акни, нанесете паста од сурова папаја на лицето и оставете да делува барем половина час. Ова ќе ви помогне да се ослободите од недостатоци на кожата.

За испукана кожа:

Покрај маски за лице, можете да го користите пирето од папаја врз испукана или иритирана кожа. Напукнатите пети никогаш не биле повмеки.

2. За нега на коса

За раст:

Според истражувањата, хранливите материи во папајата помагаат против опаѓање на косата и спречуваат ќелавост. Единствено што треба да направите е да консумирате од вкусниот плод барем три пати неделно и ќе се борите и со исчезнувањето на влакното.

Против првут:

Маската за коса која содржи во себе папаја, може да ви помогне во лекувањето на сува кожа на скалпот и првут. Отстранете го семето на сурова папаја и измешајте со половина чаша јогурт и нанесете рамномерно врз целата коса. Оставете да делува 30 минути и потоа исплакнете.

Природен балсам:

Бидејќи папајата е богата со минерали, витамини и ензими, таа делува како природен балсам, по кој косата е значително мека и мазна. Користете блендер за да измешате папаја, банана, јогурт и кокосово масло, додека не добиете хомогено пире. Нанесете врз мокра коса, замотајте со крпа и оставете да дејствува барем половина час. Исплакнете со топла вода.