Влезе ли Груевски во скриена но жестока предизборна кампања? Нема застој, како да изборите ќе му бидат наесен а не напролет.Со него ништо не е исклучено,затоа кампањата си врви, дур не се сетиле другите. А токму тоа е спротивно на договорот од Пржино , во кој согласно со препораките на бриселските експерти, државата треба да се одвојува од партиите.А државата (читај Груевски),тамам ни фати залет по потресите со бомбите , и нема ниту двоење ниту запирање.

Денеска повторно предизборно лижавче за главните гласачи – за пензионерите.Премиерот денеска беше во посета на охридскиот регион, најави дека септемвриските пензии ќе бидат повисоки за 5 отсто, а покачувањето најверојатно ќе биде линеарно.
-Предвидено е и во Буџетот е програмирано, оваа есен септемвриската пензија, што се зема во октомври, да биде повисока за 5 проценти. Се уште не сме донеле одлука, но најверојатно тоа ќе биде линеарно зголемување, од 600 до 630 денари за секој пензионер, изјави премиерот Груевски.
Груевски при најавувањето за зголемувањето на пензиите, не пропушти да потсети дека Владата досега ги зголемила пензиите за повеќе од 67 отсто, а ќе продолжела да ги зголемува и во иднина.
Тука всушност е цел пакет закони и поволности кој се „средува“ по воља на гласачите.
Освен пензиите денеска премиерот Никола Груевски присуствува на пуштање во употреба на реконструиран водовод во село Ботун и на поставување камен темелник за изградба на колекторски систем, на потегот меѓу селата Мешеишта и Волино како и на пуштање во употреба на нов кружен тек.
Претходно, премиерот ги посети тетовските подрачја погодени од поплавата, секако со медиумска екипа, настан кој беше коментиран во дел од медиумите како постапка на лидер кој е меѓу народот, а кај опозицијата како евтин пијар.
Не заостануваат ни другите министри – Никола Тодоров најави изградба на модерна болница во Штип, додека министерот за финансии освен што го најави укинувањето на давачките за хонорарците, промовираше и намалени казни за бизнис секторот.
И додека а меѓународната заедница само нешто као апелира , власта коа слуша останатите чекаат по одморите да се оствари договореното во Пржино. ВМРО ДПМНЕ си трча и си собира гласачи а опозицијата чека на специјалниот обвинител и анализира што би било кога би било.
Ако во пакетот се додадат новите вработувања во јавната администрација, на ВМРО ДПМНЕ му останува уште кога опозицијата ќе влезе во парламентот, да направи некаков „фин“инцидент со своите демократски методи , кој ќе ги исфрли сите од институцијата, и СДСМ и ДУИ а тоа ќе значи дека ќе мора да се распушти тој парламент, и веднаш да се оди на предвремени избори ама не во Април туку пред нова година. А Груевски, тој веќе е спремен
Ад