Во Истанбул пукано и врз зградата на американскиот Конзулат

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Две непознати лица отвориле оган врз објектот на американскито Конзулат во Истанбул, објави Милиет.

тур полиц

Нема жртви во нападот по кој имало престрелка меѓу напаѓачите и полицијата. Двајцата напаѓачи успеале да побегнат.

Во зградата на Конзулатот се испратени тимови за деактивирање бомби. Дел од локалните медиуми јавија дека еден од напаѓачите се скрил во куќа е опколена од полицијата.

Претходно,  седум луѓе – петмина полицајци и двајца цивили беа ранети во бомбашки напад врз полициска станица во Истанбул, јави Анадолија.

turska-policija-527 (1)

Цел на нападот со автомобил бомба била полициска станица во истанбулскиот реон Султанбејли. Од ескплозијата е предизвикан пожар и урнат е дел од триспратната зграда на полицијата. Оштетени се околни згради и дваесетина паркирани возила.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот извршен во момент на тензии меѓу турските сили за безбедност и бунтовниците од ПКК.