Утре вонреден протест на исклучените од Топлификација во Чаир

од desk3
356 прегледи

Утре во 18.30 часот, исклучените од Топлификација ќе го одржат својот петти вонреден протест на плочникот до зградата на улица Џон Кенеди број 25, спроти гимназијата „Цветан Димов“.

DSCF44241-540x405

Овој протест следи после четири претходно одржани вонредни протести во Ново Лисиче, Капиштец, Кисела Вода и Карпош 3. Вакви вонредни протести, во текот на летото, се одржуваат секој вторник, но на различни локации, а ова е последен. По него, исклучените од Топлификација, ќе го одржуваат само редовниот протест, секоја сабота во 12 часот кај Триумфалната порта. Во сабота 15 август 2015, ќе се одржжи 22-тиот редовен протест на исклучените од Топлификација.

Целта на овие протести е да се запознае јавноста со вистинските причини за, како што велат, астрономските цени и масовното исклучување од парното. Затоа ќе бидат изнесени конкретни факти и докази за криминалот со парното.