ИД секаде се заканува преку видео пораки, а на Македонија преку FB статус на медиум!?

од desk3
119 прегледи

Извесен Сејфедин Ал-Албани уште вчера на преку порака на фб профилот на JAVA news.al повика македонските муслимани, а највеќе Албанците да земат оружје и да се спремат за војна во Македонија и на Балканот поради апсењата во полицската акција “Ќелија”.

d032a137ed24_sf_5-700x394

Според медиумите Сејфедин Ал-Албани е член на ИСИС, дел од ќелијата која беше уапсена пред два дена во големата полициска акција, и дека бил на боиштата во Сирија и Ирак повеќе пати.Како што пренесуваат тоа не е неговото вистинско име,се претставил како Џавит Џавити, но како што тврдат албанските безбедносни служби сметаат дека тој се наоѓа во Албанија.

isis

“Како можете мирно да спиете кога знаете дека вашите браќа се малтретирани, а нашите сестри се силувани во ѕверските затвори на Балканот? Ги заборавивте варварските војни на Словенските Крстоносци? Дали тоа не беа истите Крстоноси кои го направија хоророт во Косово и Куманово? Затоа, придружете се и станете тврдина на вашата вера. Придружете се, и донесете им терор на Крстоносците и нивните поддржувачи!” – стои во дел од повикот на Сејфедин Ал Албани, видно исплашен од исходот за неговите пријатели кои паднаа во акцијата пред два дена, но и исплашен дека ќе ги снајде истата судбина како оние терористи во Куманово!

Иако дел од македонските медиуми пренесуваат дека тој поставил и видео на кое тој повикува на џихад, такво нешто не беше поставено на фб профилот на медиумот.

Инаку на уапсените, полицијата им одреди притвор од 30 дена. Се сомничат за учество на боиштата во Сирија и Ирак, борејки се на страната на Исламска држава, а исто така и регрутирале луѓе од Македонија за борба на тие територии.