Приватната надворешна политика на Ердоган

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Можеби веќе е целосно заборавено, но владата на Партијата на правдата и развојот (АКП) во Турција имаше прилично добро обмислени и принципиелна надворешна политика во првите два термина. Класифицирана како “Нулта проблеми со соседите”, таа се базираше на принципот за решавање на спорови не со војна или закани, туку со дијалог и з предупредување на “непријателот”. Таа го сакаше зајакнувањето на безбедноста и економијата во земјата и приближување со Европската унија. Ова многу успешно  им служеше на националниот интерес и ги покачи меѓународните позиции на Анкара.

ердоган3

Оваа политика сепак беше напуштен во 2011 година  со претседателот Реџеп Тајип Ердоган, тогаш премиер, откако неговата партија имаше собрани половина од гласовите при националното гласање на општите избори и тој  едноставно постави и воена , и политичка контрола,  па спречуваше  обид за државен удар, беше освоен од желбата да стане претседател како Владимир Путин во Русија и да управува со Турција, како со акционерско друштво. Неговата амбиција ја  имаше истата цел и во областа на надворешната политика. Според Ердоган и неговите соработници “Арапската пролет” ќе го  доведе “Муслиманско братство” на власт во сите земји во кои луѓето се кренаа на бунт против автократските владетели а  благодарение на блиските врски на АКП со “Муслиманско братство”, Ковањето  на релациите со текот на годините, ќе создаде можност на Турција – и лично на Ердоган – да се здобие со водството на сунитско-муслиманскиот Блиски Исток.

Така се засилуваше не само опозицијата против која  се повеќе атакуваше , апсолутистички  и корумпирано, но и  “Арапската пролет”која сепак  не дојде ни блиску до очекуваните резултати. Ердоган не застанува  и беше избран за претседател во август 2014 година, но неговата партија го загуби статусот на самостојно владејачка сила на изборите одржани на 7 јуни. Од тогаш плановите на Ердоган секогаш изгледаат  насочени против попречување формирањето на какво и да е коалициска влада и кон предвремени избори, со кои се надева дека ќе ја држи прокурдската Народна демократска партија (НДП) под прагот за победа и места во парламентот, што би создало можност на неговата АКП повторно сама да формира влада и да му се исплати да  го направи де факто вршител на должноста претседател. Тој  ги напушти разговорите со Работничката партија на Курдистан (ПКК), објавувајќи дека„ Курдскиот проблем не постои”, и прифати да зборува во насока  и делење  на турскиот националистички занес под маската на исламизмот. Додека судирите со ПКК растат, Ердоган се обиде да ја  стави под забрана НДП или да се стават  во затвор нејзините водачи, и покрај фактот дека НДП се повеќе заземаат позиции на сила која дејствува за демократија и го гарантира територијалниот интегритет на земјата.

Како внатрешната политика во Турција, надворешната политика, исто така беше поставена во услуга на личната амбиција на Ердоган. По долгиот  отпор на пристапувањето кон предводена од САД меѓународна коалиција против Исламската држава во Ирак и Сирија (ИДИС), неговата влада направи вртење од 180 степени и отвори своите воздушни бази за САД, за да бомбардира цели на ИДИС.

Широко е сомневањето дека Анкара користи отворање на бази за акции против ИДИС како покритие за интензивирање на бомбардирањето против цели на ПКК во северен Ирак и да го попречува најблиската   нејзина Партијана  демократска заедница (ПДС) – која беше дефинирана како “поопасна од ИДИС “додека таа беше главна и  воинствена сила, против ИДИС на  самиот терен –  за да ја преземе контролата врз гранични со Турција области. Марк Пиерини, поранешен претставник на Европската комисија во Анкара, коментира: “Западните аналитичари го дефинираат како непропорционален овој масовен  одговор против ПКК, додека усогласување на ИДИС со ПКК, е  направено од Турција, како вештачко … Западните влади се збунети  од овој опасен  тактички чекор против ПКК и ја повикаа Турција да го  задржи мировниот процес со нејзините Курди … Завршните  изјава на советот беа очигледно кратко и внимателно избегнувани Што и да е спомнување на ПКК или на зона за безбедност во Сирија … Сепак од Запад не гледаат како на разумна акција  на истовремено донесената одлука за нанесување на удар на ПКК:. Тоа ја изложува на голем ризик долгорочната  социјална кохезија, економски просперитет и меѓународна доверба. На краток рок Ердоган игра  опасно  со висок ризик “(4 август, Карнеги Европа).

Западните сојузници воопшто не мешаат.

……………..

 “Тудеј`с Заман”./ Анкара / Турција