Ќе го слушне ли некој овој вресок, ќе го види ли тој паничен поглед и страв на детето кое на македонските пруги далеку од Сирија , остана само во возот а мајк аму таму доле е спречена да се качи заедно со него, за да го продолжат патот. Веројатно не, никој освен репортерите како добра приказна.

Повеќе од илјада емигранти влера на железничката станица во Гевгелија се тепале за место во возот, кој требало да тргне околу 10 часот. Полесно се повредени неколку луѓе, а во метежот е скршен и еден прозорец од возот.
Иако многумина би биле подготвени да дадат се што имаат за местото во возот, ова дете на крајот излезе и тоа преку прозорецот, со помош на луѓето кои останаа надвор.
Во метежот на железничката страница неколку луѓе беа повредени. Мигрантите брзаат да ја поминат територијата на Македонија и Србија и да влезат побрзо во Унгарија која ја затвора целата должина на границата со ѕид од 4 метри и бодликава жица од метар и половина.
-Многу е важно, не само за Унгарија туку и за Европската Унија затворањето на границата да се заврши до крајот на месецот, рече Золтан Ковач, портпарол на унгарската влада.
Унгарија за да се заштити планира и на македонско-грчката гранца да испрати свои полициски сили кои заедно со македонската полиција би успеале да ја контролираат состојбата, толку колку што се може.
Според прогнозите, во крајот на месецов во Европа преку море би можеле да стигнат околу 250.000 мигранти, а се најавува дека допрва следи најголемиот бран кој ќе дојде преку Турција.
Досега најмногу мигранти има во Грција, околу 140 илјади, потоа следува Италија со 100 илјади. Само во средоземното мора досега погинале 2.300 мигранти.