Ако љубовта е доволно силна, партнерот пројавува разбирање и станува ваш партнер во “тајната”, затворајќи го “костурот” длабоко во плакарот.

Еве и што најчесто луѓето се обидат да ја прикријат или закопаат што  подлабоко:

– Љубовна афера! Таа не само што може даја уништи вашата врска, а и животот на многу други.

– Срамен инцидент – кој немал такви? Но дури и да се случил пред 10 години, сепак може да ви наштети на  имиџот .

– Интернет активност. Порното сеуште е сметано за “срамно” и погрешно … особено ако го гледате во канцеларијата.

– Долговите. Некои земаат на заем за да преживеат, други – од глупост и грандоманија.

– Сексуални фетиши.

– Семејни приказни. Никој не избира родители и роднини, а меѓу нив секогаш има некоја “црна овца”, чии гревови надвиснува и над вашиот живот.

– Фобија. Да се ​​плашиш од пајаци и тесни простори е прифатливо, но ако чувствувате страв од кадифен играчки, може да биде доста засрамувачки

– Зависност. Тешко некој се гордее со зависноста кон алкохолот, коцкање и др

– Земање  дрога? Велат дека поранешен наркозависник нема и едвај ќе ги убедите во спротивното, па убаво да си молчите  за оваа фаза од животот, дури и да е затворена страница.

– Криминално минато. Тука коментарите се излишни.

– Претходните бракови. Искуството е добра работа, но не и ако сте имале работа со некој луд/а.

– Сексуална ориентација. Хомосексуалните врски се повеќе модерни, но во оваа фаза не целосно прифатени за нормални.

– Болести, кои се сексуално преносливи. Веројатно треба да ги споделите лошите искуство  со партнерот, но оваа информација е целосно излишна за туѓи уши.