Заврши одморот , од понеделник почнува да се работи на договорот на Хан од Пржино.Спремноста од сите страни на ачик , ама ефикасноста останува под маса, за од понеделник.
Тема на дневниот ред се избирачкиот список и изборниот законик, а ќе се почне со поинтензивни разговори за останатите законски решенија кои треба да бидат постигнати согласно договорот. Во опозиционата СДСМ во меѓувреме, се работело и врз кадровските решенија за преодната влада која ќе треба да ги спроведе изборите во aприл 2016. Детали нема, велат луѓето веќе ги дефинирале,немале никаков проблем и се се знаело.
Во таборот на Груевски со жестока кампања и себепромоција како да изборите ќе бидат во октомври сега по одморите а не во април. Тој не застанува кршејќи ги сите правила и користејќи ги сите државни ресурси за партиска кампања, како да ова ќе му е последно.Во тој пакет како пред претходните избори, тој нагази и на последниот голем газда кој го нема под свое, а кој медиумски му пркоси и врз кој немаат целосно контрола какао власт . Тоа на Груевски веќе му е разработена шема, каок со А1 и Велија, за да се обезбеди сигурна позиција пред нови избори. Страв, сила и моќ- за победа за Македонија!
Изборите се договорени со прецизен датум и нема менување на предвреме на предвремените, туку исполнување, строго според планот на Хан и согласно забелешките на извештајот на експертот Прибе, велат странците.
ЛИдерот на СДСМ Зоран Заев предупреди дека нема отстапки. Тие се враќаат во парламентот на 1 ви Септември за да го изгласаат договореното, особено со акцент на избор на специјален јавен обвинител, и овозможување тој да може не само да биде избран туку да сработи. Големи се очекувањата на опозицијата од спец правдата, власта пак ќе се обиде се тоа да го минира , повторно да се пазари со збунувачки толкувања и да дефокусира со инциденти и безбедносни аспекти . Веќе се билда и меѓуетничка нетрпеливост и како по обичај режирани нарачаните меѓуетнички тепачки. Власта повтороно ги истопори насилниците меѓу граѓаните, само сега не се автобуси бидејќи учениците се на одмор, сега се навивачки групи како алтернатива, и се разбира класика гласност на тоа дека се Албанци против Македонци, а не дека се само насилници и бараби.
„Остануваме посветени во имплементирање на договорот и очекуваме дека без оглед дали постои или не постои волја или желба за исполнување или волја и желба за неисполнување на договорените обврски, дека тој договор ќе биде исполнет во целост“, изјавува портпаролот Петре Шилегов. .
За власта најмногу страв има од изборот и она што треба да го сработи специјалниот јавен обвинител. Тука најмногу се загрозени оние кои правеле државен криминал, а тие сите се во врхушката на власта
Според сé досега кажано и некажано, меѓународниот фактор овојпат, нема намера да му прости никому, и нема одлагања. Токму поради тоа постојано се случуваат консултации пренесување на пораките во амбасадите директно на политичките фронтмени. Груевски си тера жестока кампања меѓу народот и не застанува преку своите медиумски мегафони со стари трикови да ги девалвира сите останати, за да остане тој нели најдобар и единствено вековно решение.
Сепак освен странците, конците му ги мати и албанскиот фактор. Од ДУИ соопштија дека очекуваат до крајот на август политичките партии да постигнат договор околу прашањето за специјален јавен обвинител и потоа со консензус да биде усвоен во Собранието.Тие сами нема да издржат познато е, ама за нив ќе издржуваат странците и затоа нема нема ги викаат да ги потсетат што всушност тие самите мислат за иднината на Македонија.ДПА веќе се позиционира на страната која добива.
Изминатиот викенд премиерот Груевски изрази демек политички оптимизам за договорот и рече дека ако и другата страна е конструктивна, како и тие, работите ќе се завршеле на време.
Работната група што ќе почне да заседава од понеделник покрај на изборот на специјален јавен обвинител треба да се фокусира и на прочистување на избирачкиот список, измени на изборната регулатива во делот на функционирањето на ДИК и медиумскиот сектор, особено во делот на националниот јавен сервис. Се тоа е од понделник. Се разбира мислиме на овој понеделник
Ад