Проектот за гасоводот Tesla, кој треба да биде продолжување на гасоводот “Турски поток” на Балканот, не е приоритет за земјите од Југоисточна Европа. Ова го соопшти официјален претставник на Европската комисија.
“Во однос на безбедноста на испораките на гас за Југоисточна Европа, во средината на јули заинтересираните страни ги определија приоритетните проекти во гасната сфера”, рече тој.
Покрај тоа, аналогни на Tesla гасни проекти во моментов не се сметаат како приоритет за Европа, забележуваат од Европската комисија.Претходно беше објавено дека балканските земји, имено Србија, Македонија, Грција и Унгарија, се заинтересирани за проширување на гасоводот “Турски поток” до Австрија.